Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје ја усвои листата со новите имиња на улиците

Град Скопје ја усвои листата со новите имиња на улиците

Советот на Град Скопје на седницата која заврши доцна синоќа ја усвои листата со новите 571 имиња на улиците и други јавни површини во главниот град. Веста прв ја соопшти градоначалникот Петре Шилегов.

„Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. Мексичка, Ленинова, Железничка ... се враќаат во нашето Скопје“ објави Шилегов на Фејсбук.

Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња. 

Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. 

Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот. 

Во листата се вклучени имињата на народни херои и други носители на позначајни државни одликувања, познати личности и настани од светската историја, имињата на скопските градоначалници, ректори на скопскиот универзитет, академици, државници, стопанственици, научници, спортисти, уметници и други.

Слично

Поврзани вести