Град Скопје испраќа цистерни со вода за пиење за Гостивар
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека главниот град ќе испрати цистерни со питка вода за Гостивар по загадувањето на градскиот водовод.
- Сите нѐ потресе случајот во Гостивар, каде поголем број граѓани пројавија симптоми на труење, а постојат сомнежи дека причината е загадената вода за пиење од градскиот водовод.
Во вакви моменти нема место за чекање - потребни се брза реакција, човечност и солидарност!
Град Скопје веднаш испраќа цистерни со питка вода за жителите на Гостивар, со цел да им се обезбеди безбедна вода за пиење во периодот додека траат испитувањата и сè до целосно надминување на состојбата, објави Ѓорѓиевски.
Како претседател на ЗЕЛС, тој наедно упатува апел до сите градоначалници, во рамките на своите можности, да понудат и испратат помош.
- Изразувам длабока загриженост за целиот случај и апелирам до надлежните институции темелно и транспарентно да ги утврдат причините, а доколку се утврдат неправилности - да има одговорност, додаде тој.
Слично
