Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје го вработи Цако

Град Скопје го вработи Цако

Александар Матовски или познат како Цако од денес е дел од тимот на Град Скопје. Нашиот нов колега е лице со Даунов синдром, со високо образование, амбициозен и подготвен за предизвици, подготвен да покаже и докаже дека лицата со каква било попреченост можат подеднакво да учествуваат во општествените процеси, да се грижат за заедницата, напиша на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Како што се наведува Цако ќе биде ангажиран во одделението за социјална, детска и здравствена заштита бидејќи неговите афинитети се насочени токму во областа а неговите познавања за целните групи очекуваме да помогнат во унапредување на социјалните услуги за граѓаните.

„Особено сум горд што како градоначалник учествувам во уривањето на стереотипите и предрасудите поврзани со овие лица бидејќи сметам дека сечиј капацитет може да се искористи и соодветно да придонесе за развој на општеството. Многу често досега, особено во изминативе две години преземаме активности со кои докажуваме дека овој град се грижи за сите свои граѓани без исклучок и подеднакво ги вреднуваме. Во тој контекст, минатата учебна година за прв пат Град Скопје додели парична награда за првенци на генерација од градските средни училишта во категорија за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузијаta. Со тоа, на лицата со попречености им овозможуваме еднакви можности за натпревар и признавање на успесите. Исто така за прв пат обезбедивме и стипендии за средношколците со попречености како и образовни асистенти кои им помагаат во наставата. Ваквите чекори покажуваат дека ги препознаваме можностите кај секој човек без разлика дали се соочува со некаква попреченост или не, овозможуваме еднакви шанси за сите и вложуваме за нивен личен и професионален развој“ – рече Шилегов.

Цако денеска се заблагодари на укажаната прилика и рече дека ќе придонесува со своето искуство од областа на социјалните работи стекнато во повеќе европски земји. Тој особено се заблагодари на својата сестра Марија и на своето семејство  од кои ја добива најголемата поддршка.


Слично

Поврзани вести