Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје го поскапува паркингот за 5 денари од час, месечниот билет од 1.000 на 2.000 денари

Град Скопје го поскапува паркингот за 5 денари од час, месечниот билет од 1.000 на 2.000 денари

Град Скопје на следната седница на Советот в среда ќе го поскапи градскиот паркинг за 5 денари повеќе од час. „Градски паркинг“ има нов ценовник за зонските паркиралишта и на отворените со рампа, како и за месечните карти за вработени во катните гаражи, објави СДК.

Во зона А паркирањето за еден час наместо 45 ќе биде 50 денари, во зона Б наместо 35 ќе биде 40 денари, додека во зоните Ц и Д каде досега еден час чинеше 25 сега ќе биде 30 денари, а како причина за тоа се наведуваат зголемените трошоци.

Градското претпријатие ќе наплаќа двојно повеќе за месечните паркинг карти во катните гаражи. Актуелната цена е 1.000 денари, а во иднина ќе биде 2.000.


Слично

Поврзани вести