Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје го изврши вонредното прскање

Град Скопје го изврши вонредното прскање

Град Скопје утрово го започна вонредното прскање против комарци во Скопје, кое требаше да се изврши вчера но се одложи за еден ден поради временските услови.

Авионското запрашување на главниот град следува откако последното беше извршено на 15 август, но граѓаните во меѓувреме граѓаните постојано се жалеа на наездата на комарци.

Град Скопје како причина за наездата ја наведе големата влажност во вегетацијата, која овозможува поволни услови за размножување на комарците. 

Градоначалникот Петре Шилегов пред медиумите рече дека не е дозволиво често запрашување на градот и околината заради здравјето на граѓаните.


Слично

Поврзани вести