Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје ги врати дрвата извадени пред посетата на Папата, но не се истите

Град Скопје ги врати дрвата извадени пред посетата на Папата, но не се истите

Град Скопје засади нови дрва на скопскиот плоштад на местото на претходните кои беа отстранети поради безбедносни причини пред пристигнувањето на Папата Франциск на 7 мај и свечената литургија.

Од таму сега информираат дека на плоштадот „Македонија“  отстранетите две дрвја биле суви, а сега на нивно место се засадени две нови.

„Екипите на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ во пресрет на посетата на Папата Франциск на Скопје пресадија две дрвја на Плоштад Македонија. Двете суви дрвја на плоштадот беа заменети со две здрави дрвја од друга локација на плоштадот, а на нивните места, денеска беа засадени нови две дрвја“, соопштија од Градот.

Од Град Скопје пред пристигнувањето на поглаварот на Римокатоличката црква наведоа дека по барање на Координативното тело за посетата на папата, привремено се отстрануваат  две дрвја „кои веднаш на 8 мај повторно ќе бидат засадени на истата локација“.

„Станува збор за две дрвја кои поради безбдносни причини треба да се отстранат од Плоштадот. Се работи со специјалната машина за пресадување и дрвјата ќе се засадат во расадникот во Бутел додека повторно се вратат на Плоштад. Нема да се уништат“, објавија тогаш од Град Скопје.


Слично

Поврзани вести