Град Скопје ги потроши парите за нови велосипеди, субвенции од денеска дава општина Карпош
Град Скопје ги потроши парите, а од денеска субвенции за купувње нов велосипед ќе дава општина Карпош. Од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев објавија дека е објавен оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите од општина Карпош.
Акцијата започнува од денеска и ќе бидат доделени субвенции на граѓани кои ќе купат нов велосипед, не порано од 7 мај годинава. Субвенцијата подразбира покривање на дел од трошоците, во износ од 30 отсто од сумата за платен велосипед, но најмногу до 3.000 денари.
„За оваа намена, Општината издвои финансиски средства од својот Буџет во висина од 500.000 денари, а субвенционирањето ќе се одвива по принципот – „прв дојден, прв услужен“. Аплицирањето ќе се врши преку пополнување на бараните документи, преку архивата на општина Карпош. Од понеделник (10.05.2021) аплицирањето ќе може да се врши и по електронски пат, преку мобилната апликација „мЗаедница“ (достапна за IOS и Android), како и на веб страната www.m-zaednica.mk, велат од општина Карпош.
Тие напоменуваат дека жителите кои веќе оствариле право на субвенција за велосипед и за тоа добиле средства од Град Скопје, немаат право да учествуваат на огласот. Од град Скопје пак денеска информираа дека е затворен јавниот повик кој беше објавен на 19 април.
Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057
граѓани и со тоа, предвидените финансиски средства се
исцрпени. „Граѓаните
покажаа голема заинтересираност за овој проект,
а со тоа и висока свест за заштитата
на животната средина. Во
Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди се предвидени
8,5 милиони денари.Во
изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што
купија велосипед, велат од град Скопје.
