Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАД СКОПЈЕ Е НАДЛЕЖЕН ЗА БУЛЕВАРИТЕ И ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ: Арсовска на терен поради најавите за снег

ГРАД СКОПЈЕ Е НАДЛЕЖЕН ЗА БУЛЕВАРИТЕ И ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ: Арсовска на терен поради најавите за снег

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во текот на измината ноќ одржала координативен состанок на терен со зимската служба на Градот и скопските јавни претпријатија. 

На координацијата, како што соопштуваат од прес-службата на Град Скопје, било констатирано дека Градот е подготвен за одржување и чистење на снежните наноси од коловозите на булеварите на подрачјето на Скопје во зимски услови.

Градот Скопје им препорачува на возачите внимателно движење во сообраќајот и придржување согласно условите на коловозите. Апелираат до сите стопански субјекти и до граѓаните да ги почитуваат законските обврски за расчистување на снегот и мразот од пристапите до деловните, односно станбените објекти.

- За потсетување во надлежност на Град Скопје се булеварите и собирните градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините што се задолжени за нивно чистење и одржување - се додава во соопштението од Град Скопје

Слично

Поврзани вести