Град Скопје денеска носи важна одлука
Град Скопје денеска треба да донесе одлука за тоа кој концесионер во иднина ќе ја менаџира депонијата „Дрисла“. Веќе е познато дека комисијата формирана од градоначалникотПетре Шилегов највисоко ја рангираше германската компанија „Шолц“, но останува да се види дали тоа ќе биде пресудно.
Советот на Град Скопје денеска на вонредна седница ќе расправа за избор на тендерот кој претходно го доби „ФЦЛ Амбиенте“.
Компанијата „Шолц“, доколку го добие тендерот, ќе формира конзорциум со хрватската фирма „Ц.И.О.С. доо“ и со македонската, „Сплендор мак“.
Откако Советот на Град Скопје ќе ја донесе одлуката ќе бидат соопштени и условите под кои идниот концесионер ќе управува со депонијата. Најважна обврска ќе биде да набави нова печка за согорување на медицински отпад
Дрисла и денес работи со застарена печка за согорување медицински отпад, а е единствената која има концесија за тоа.
