ЗА ГРАБЕЖОТ ВО НЛБ БАНКА: ОЈО бара притвор за три лица од вкупно 8 осомничени
Скопското обвинителство поднесе обвиненија За осум лица кои се осомничени за грабежот во НЛБ Банка, заедно со предлог мерки за обезбедување присуство.
Од ОЈО информираат дека во периодот од 31-ви март до 8-ми април, првите четворица обвинети со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција украле 400 илјади швајцарски франци и 375 илјади евра. Два дена подоцна била извршена кражба и на 2 милиони швајцарски франци и 270 илјади евра.
За тројца е продолжена мерка притвор, а за едно лице во сила се веќе определени мерки на претпазливост.
За кривичното дело тешка кражба што се однесува на предмети во вредност од големи размери, пропишана е затворска казна од 3 месеци до 10 години, а за затајување, од една до 10 години.
За другите 4-ца ОЈО бара мерки за претпазливост.
