Грабеж на банка утрово во Сарај додека имало клиенти во експозитурата
Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, информираат од банката.
„Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.
Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план“, се вели во соопштението.
Од таму велат дека украдените средства на клиентите се сигурни бидејќи банката има осигурување на целиот свој имот и пари.
