ГРАБААТ НАПРЕД: Уште една европска земја ја „топи“ невработеноста
Падот на невработеноста во Австрија продолжува и во февруари.
Овој месец е забележано намалување од 6,6 проценти.
На Бирото за вработување во февруари се пријавени 444.426 луѓе кои бараат работа.
Тоа е намалување од 6,6 проценти во споредба со истиот месец лани. Според националната дефиниција стапката на невработеност паднала за 9 проценти, соопшти Министерството за социјални прашања.
Додека бројот на невработени Австријци опаднал за 9,3 проценти, кај странците намалувањето било далеку помало, односно само 0,4 проценти.
Добри резултати во намалување на невработеноста има Германија, но солидни резултати има и Чешка.
Слично
