Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОВОРОТ НА АЛБАНСКИ ВО БРИСЕЛ ЈА ПРЕЛИ ЧАШАТА: Поднесена интерпелација за Талат Џафери

ГОВОРОТ НА АЛБАНСКИ ВО БРИСЕЛ ЈА ПРЕЛИ ЧАШАТА: Поднесена интерпелација за Талат Џафери

Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за собранискиот претседател Талат Џафери, затоа што тој говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.

Интерпелацијата воедно е и поради кршење на ковид-протоколите на седницата кога двајца пратеници од мнозинството дојдоа во скафандери за да гласаат за економските мерки, а притоа беа позитивни на коронавирусот. 

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев изјави дека интерпелацијата е поднесена поради три главни причини.

„Повреда на Амандманот V од Уставот на РМ, преку неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Џафери пред Комитетот на министри на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Републиката, свесно и злонамерно истиснување на македонскиот јазик од интерната употреба во парламентот, преку противуставно, противзаконско и противделовничко доставување само на двојазични материјали за сите пратеници (на македонски и на албански јазик), а не само за оние пратеници кои говорат друг јазик во службена употреба, различен од македонскиот и повреда на Протоколот и Дополнението на протоколот за организирање седници во услови на коронакриза, кога спикерот- правејќи кривично дело- дозволи двајца позитивни пратеници на Ковид-19 да гласаат во скафандери во Собранието на РМ, свесно загрозувајќи го здравјето на сите останати пратеници“, рече Апасиев. 

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова истакна дека има многу причини за интерпелација. 

„Џафери не отиде во Европскиот Парламент како граѓанинот Џафери туку отиде како Претседател на Собранието и тоа исто така можеби пред да замине требаше да го прочита членот 2, став 2 од Законот за употреба на македоснкиот јазик според кој употребата на македонскиот јзик као службен јазик е право и должност на сите граѓани на Република Македонија, а замислете што значи оваа одредба за Претседател на Собранието. Затоа што тогаш тој е должен да се држи до Уставот и законите. Исто така го прекрши членот 6, став 1, алинеја 5 од законот, во која заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот јазик ја опфаќа и неговата афирмација во светот“, вели Силјановска Давкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. 

Таа додаде дека Џафери го изложи на подбив македонскиот народ, и ова е кривично дело кое е санкционирано според членот 179 од Кривичниот законик.

Џафери пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ зборуваше на албански јазик. 

Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на државата во меѓународната комуникација.

Слично

Поврзани вести