Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршени се патеките на Велешко, Дојранско и Крушевско Езеро

Завршени се патеките на Велешко, Дојранско и Крушевско Езеро

Откако целосно беше завршена изградба на пешачки патеки,хортикултурно уредување и осветлување околу езерото Младост, Дојранското Езеро и Крушевското Езеро, тие се предадени во владение на локалните самоуправи, информират од Министерството за транспорт и врски.

Пешачката патека крај езерото „Младост“ во општина Велес е со вкупна должина од 4.080 метри поделена на северен и јужен дел со широчина од 2,5 метри. Вредноста на тој проект е 15 милиони денари.

Крај Дојранското Езеро пешачката патека е долга 2.650 метри, широка 6,5 метри, и е осветлена и украсена со жардинјери. Таму има и асфалтирана велосипедска патека од 2.000 метри. Вкупната инвестиција е 53 милиони денари. Осветлена и уредена е и пешачката патека крај Крушевското Езеро, со  должина од 1.010 метри. Во тие активности се вложени околу 7 милиони денари.

Проектот за  пешачки патеки почна во 2010 година со цел да се  подобри туристичката понуда во општините и  да се зголеми интересот на туристите.

Слично

Поврзани вести