Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гостиварец платил за возачка без да полага, но го измамиле

Гостиварец платил за возачка без да полага, но го измамиле

Жител на Гостивар на возраст од 43 години пријавил во полиција дека е измамен откако платил 1.200 евра за наводно обезбедување возачка дозвола без полагање.

Според информациите од МВР, пред околу четири месеци, преку свој пријател, тој стапил во контакт со лице од Скопје. На средба во главниот град, осомничениот му ветил дека ќе му обезбеди возачка дозвола без да полага испит, барајќи за услугата 1.300 евра и копија од неговата лична карта.

Пријавителот во неколку наврати му исплатил вкупно 1.200 евра, но откако не ја добил ветената возачка дозвола, сфатил дека станува збор за измама и случајот го пријавил во Полициската станица Гостивар.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести