ГОСТИВАРЕЦ ОД 27 ГОДИНИ ДИВЕЕЛ ВО МЕДИЦИНСКИОТ ЦЕНТАР - му се заканувал и на медициснкиот персонал и на обезбедувањето
Гостиварец од 27 години ноќеска бил приведен затоа што им се заканувал на докторите и сестрите, но и на обезбедувањето во болницата во Гостивар.
За тоа извести Министерството за внатрешни работи во својот билтен.
„Ноќва 02.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Б.Н.(27) од гостиварско Калиште затоа што претходно се заканувал на персоналот и обезбедувањето во Ургентното одделение при Медицински центар Гостивар“, се вели во соопштението.
Исто така, МВР информираше и дека младиот гостиварец бил приведен во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Слично
