Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гостиварци и тетовци и натаму бегаат од изолација во странство

Гостиварци и тетовци и натаму бегаат од изолација во странство

Уште четворица од Гостивар и околината, како и една молетничка од Тетово, ме ја испочитувале мерката за изолација и ја напуштиле земјата, објави МВР.

„На 18.08.2021 во периодот од 10 до 20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно 4 лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Беловиште и Мало Турчане, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата“, соопшти полицијата.

Против лицата, од кои две се машки и две женски, на возраст од 24 до 74 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“

Истиот ден мѕалолетно женско лице од тетовско Вешала со решение за изолација ја напуштило земјата. И против малолетничката ќе следува  поднесок. 

Слично

Поврзани вести