Гостиварчанец заврши во притвор: Крадел вредни предмети од возила
30 годишен Гостиварчанец заврши во притвор откако полицијата го осомничи за дури 27 тешки кражби со провалување во автомобили.
Како што соопштија од МВР Б.С. имал мерак на вредни предмети кои сопствениците ги оставале во возилата.
Уметнички слики, аудио опрема, разновиден алат, кабли, се дел од работите кои ги напла полицијата кај притворениот а дел од овие нешта им се вратени на сопствениците.
Притворот осомничениот ќе го лежи во скопскиот истражен затвор.
Слично
