Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гостиварчанец со условна казна затвор, не сакал да се грижи за болната сопруга

Гостиварчанец со условна казна затвор, не сакал да се грижи за болната сопруга

Основниот суд Гостивар на 53 годишен гостиварчанец, без да биде именуван со иницијали, му изрече казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку  не стори ново кривично дело во рок од една година, поради повреда на семејните обврски.

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог за стореното кривично дело.

Обвинетиот намерно навремено не пружил нега на неговата сопруга која е неподвижно лице. 

Не се грижел за одржување на личната хигиена на оштетената, а не и давал ниту лекарства  и храна. 

Тој во неколку наврати ја скубел за косата и ја туркал по рацете и и давал несоодветни лекарства за успивање, објави обвинителството.



Слично

Поврзани вести