Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гостиварчанец изгубил 1.500 евра од сметка на измама за поштенска услуга

Гостиварчанец изгубил 1.500 евра од сметка на измама за поштенска услуга

МВР информира дека гостиварчанец бил измамен за околу 1.500 евра откако од него било побарано да внесе податоци од личната сметка за наводна поштенска пратка.

- На 16.01.2026 во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А. (34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. 

Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.


Слично

Поврзани вести