Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гостиварчанец фатен со 1.000 антигенски тестови на Табановце: Се враќал од Германија во автобус на Дурмо турс

Гостиварчанец фатен со 1.000 антигенски тестови на Табановце: Се враќал од Германија во автобус на Дурмо турс

При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржале 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид 19, соопшти денеска Царинската управа.


„На ден 22.08.2021 година во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000 денари., стои во соопштението.


Стокaта била привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице се најавува Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа на Република Северна Македонија.



Слично

Поврзани вести