Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гостивар празнично украсен за Велигден

Гостивар празнично украсен за Велигден

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, градот Гостивар доби свечен и топол празничен изглед. Централните улици, плоштадот и повеќе јавни простори се украсени со симболи на Велигден, разнобојни декорации и светлосни елементи кои создаваат посебна атмосфера за сите граѓани.

Од Општина Гостивар информираат дека украсувањето на градот не е само естетски чекор, туку носи и подлабока порака.

„На ваков начин сакаме да испратиме порака дека во нашиот град се почитуваат различностите, а соживотот и заедништвото на нашите граѓани да дојде до израз. Освен тоа, ова придонесува и во создавањето на празнична атмосфера“, наведуваат од службата за информирање.

Граѓаните веќе ги споделуваат позитивните реакции, истакнувајќи дека украсениот град внесува радост, особено кај најмладите, но и кај сите оние кои ги чествуваат празниците. Празничната декорација истовремено го разубавува урбаниот амбиент и го поттикнува чувството на припадност и заедништво меѓу луѓето.

Од општината најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со вакви активности, со цел Гостивар да биде град во кој се негува мултикултурализмот, меѓусебната почит и заедничкото одбележување на сите значајни празници.

Слично

Поврзани вести