Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гостивар ќе добие владин повереник: За Валбон Лимани тоа е неуставно

Гостивар ќе добие владин повереник: За Валбон Лимани тоа е неуставно

Според вршителот на должност градоначалник на Општина Гостивар и кандидатот кој доби најмногу гласови во првиот круг на локални избори, Валбон Лимани, назначувањето на „владин повереник“ е неуставно.

„Ќе поднесеме инцијатива до Уставен суд, дали е тоа уставно или не. Јас мислам дека на крајот на денот, граѓаните го кажаа своето на изборите на 19 октомври. По закон најдоцна за шеесетина дена треба да имаме повторени избори и последниот збор пак ќе го имаат граѓаните на Гостивар. На крај, верувам дека Уставниот суд ќе каже дали е законски или незаконски“, рече Лимани.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе именува повереници во општините каде ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори откако ќе добие известување од Државната изборна комисија(ДИК).

Ова се однесува за Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово Ростуше каде не беше постигнат потребниот цензус за излезност на локалните избори.

фото Фејсбук/Валбон Лимани

Слично

Поврзани вести