ГОСТИТЕ ВО МОШ КОЛНЕЛЕ И ВРЕЃАЛЕ: Пазарните инспектори синоќа на жесток вербален удар
При големата
рација во повеќе кафулиња низ Скопје, синоќа пазарните инспектори биле под
жесток вербален напад од страна на гостите кои дури два часа по работното
време, односно во 23.00 часот морале да си заминат. Директорот на Пазарниот
инспекторат, Стојко Пауновски, за Фактор вели дека инспекторите се изнаслушале
навреди, колнења и друг непристоен речник.
- Е навистина не знам што им беше синоќа, дали дека од денеска имаат скратување на работното време до 18 часот, па да надокнадат, навистина не знам. Ама такво нешто не сме виделе. Имав распоредено четири екипи, одеа од едно место на друго. И што да видат во најпознатите локали во Скопје, гости колку сакате. Е навистина не можам да разберам. Па, згора на се, кога разбрале дека има инспектори, седеле во локалите во темница, светлата биле намерно исклучени. Бегале од споредни излези. При тоа, налутено и во поднапиена состојба викале по инспекторите, ги колнеле, ги вреѓеле. Тоа беа гости во „Три кичен“, „Мош“ и „Холивуд“, вели директорот Пауновски за Фактор.
Пауновски иостовремено посочуива дека сопственициоте на локалите постојано смислуваат како да си го продолжат работното време.
-Конкретно во локалот „Амор“ во Кочани, екипа од Пазарниот инспектопрат направила контрола во 20.50 при што увидела дека е затворено, по што инспектритѕе си заминале. Но, малку подоцма добив дојава дека во истиот тој локал се подготвува забава која треба да започне во 22.30. Од пола пат ги вратив инспекторите кои инаку се од Скопје. И навистина, ѓурка во полн ек, а внатре преполно гости, потенцира Пауновски.
По овие рации на Пазарниот инспекторат најави соодветни санкции.
Анита БуховскиФОТО Фејсбук
