Гостинка на „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид нападната од куче-скитник
Соработничката за истражување на универзитетот Оксфорд, Тена Прелец, која учествува во Охрид на „Преспа форум за дијалог“ била принудена да побара Итна помош откако во Охрид била нападната од куче-скитник.
Таа на Твитер сподели дека ја каснало куче и завршила во болница, а при тоа објави и фотографија од повредата.
-Прв пат во Брза помош. Ме касна куче скитник. Благодарам на охридските лекари и до Линда од МНР, напиша меѓу другото Прелец.
Инаку на „Преспа форум за дијалог“ учествуваат високи гости од Европа и светот од светот на политиката и дипломатијата.

Слично
