ГОСПОД ДА ВИ Е НАПОМОШ АКО НАПРАВИТЕ СООБРАЌАЕН ПРЕКРШОК ВО ГРЦИЈА: Казните се драконски, ќе останете без таблички, без пари и без возачка!
Деновиве е актуелна Грција, бидејќи речиси сите заминуваат на одмор во градовите во оваа земја. Меѓутоа, сега се затегнати сообраќајните прописи, воведени се големи казни, па со оглед на тоа што и Македонците го поминуваат својот одмор тука, Фактор направи список на прекршоците и казните кои следуваат.
Нови казнени прописи за сообраќајни прекршоци во Грција:
Поминување на знак стоп без запирање - 700 €
Поминување на црвено светло - 700 €
Бесно возење - 700 €
Недозволено претекнување - 80 €
Прекорачување на брзината до 20 km/h - 20 €
За поминување на црвено светло, се плаќа казна од 700 евра, но 20 дена ќе останете без дозвола за возење и регистарска табличка.
Отстранување на регистарски таблички и одземање на дозволи за воз за 60 дена за следните прекршоци:
Користење на мобилен телефон додека возите;
Неносење појас;
Ако немате кацига додека возите мотор;
Превоз на дете во автомобил без детско седиште.
