ГОРИВА: Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот останува со иста цена
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто, соопштија регулаторите.
Од 20.10.2020 годинаод 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 59,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 61,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 50,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 50,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,754 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг и ќе изнесува 26,754 ден/кг.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 2,515 отсто, кај дизелот има зголемување за 0,074 отсто, намалување има кај екстра лесното масло за 0,415 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,633% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,006%.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.10.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.
