Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гори во Илинден, огнот се шири кон Арачиново

Гори во Илинден, огнот се шири кон Арачиново

Пожар има во скопски Илинден. Зад хотелот „Белви“ гори трска, а огнот се шири кон Арачиново.

Густиот чад се гледа и од Скопје, потврдуваат и од Центарот за управување со кризи(ЦУК).  Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека е запалена трска, а ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Овој пожар, според Ангелов не ги загрозува околните куќи.

Инаку, трет ден по ред гори депонијата во селото Добарце, општина Желино. Пожарот ги зафати и нивите околу депонијата.

Слично

Поврзани вести