ГОРИ ШУМАТА КАЈ ГАРИ, ПОЖАРОТ МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО КУЌИТЕ: „Не го жртвувајте селото“, граѓаните молат за гаснење од воздух
Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 48 пожари на отворен
простор, од кои во моментов 13 се активни, 8 се под контрола и 27 се изгаснати, информира Центарот за управување со
кризи и објави целосна листа за сите активности. Велат дека има 13 активни пожари.
Денеска е критично ка познатото село Гари, во чија близина гори шумата. Граѓаните апелираат да се гасне од воздух, бидејќи постои опасност да бидат зафатени куќите.
Според Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата "Стогово" на ЈП" Национални шуми".
-Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, рече Мифтароски за МИА.
Додава дека се јавиле и доброволци од ова и соседните села, но поради ризикот што доаѓа од пламените јазици, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.
До сега станува збор за околу 60 хектари опожарена површина, но ако итно не се интервенира од воздух состојбата може многу да се влоши и пожарот да се прошири, вели Мифтароски.
фото: МИА
