Гори шума над Дебар
Пожар на непристапен терен има над градот Дебар.
Огнот избувнал во атарот на селото Татар Елевци, коешто се наоѓа над Дебар.
Зафатена е површина од повеќе хектари со нискостеблеста шума.
Територијалната противпожарна едница и вработените од подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“ се на терен за гаснење на пожарот.
Кризна состојба денеска е прогласена за Дебар и Центар Жупа поради ширење на коронавирусот. Неколку од заразените се од овој крај.
Сите влезови во Дебар попладнево се блокирани.
Слично
