ГОРИ ПОГОЛЕМА ТЕРИТОРИЈА ПОКРАЈ ЕЗЕРСКИОТ БРЕГ: Пожарот во ресенскиот дел зафатил трски
Поголема територија околу езерото зафатил пожарот во ресенскиот дел, информираше Дирекцијата за заштита и спасување.
„Зафатена е поголема територија претежно со трски покрај езерскиот брег. Интервенираат ТППЕ Ресен со 10 пожарникари и 4 ПП возила и 4 ренџери“, велат од ДЗС
Во Општина Ресен, опожарен е делот: с. Покрвеник – с. Перово – с. Асамати – с. Наколец.
Слично
