Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гори националниот парк Галичица

Гори националниот парк Галичица

Голем пожар го зафати Преспанскиот регион, во делот кај туристичките населби Отешево и Сирхан, како и дел од Националниот парк Галичица. Досега пожарот зафати околу 300 хектари шума, а пожарникарите и вработени од Националниот парк се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот и да ја заштитат викенд населбата кај Сирхан, објави СДК.МК. 

„Цела Преспа е во пламен. Гореше кај Отешево, Сирхан, прво трската околу езерото, а потоа ветерот го префрли огнот преку асфалтираниот пат и ја зафати шумата. Се движи кон Националниот парк Галичица. Немаме струја, се запали и далековод“, раскажува сопственик на вила во Сирхан.

Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски за СДК.МК изјави дека во тек е состанок на Кризниот штаб по неколкуте пожари што избувнале денес.

Слично

Поврзани вести