Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА: Пожари во прилепско, тетовско, скопско

ГОРИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА: Пожари во прилепско, тетовско, скопско

Активни пожари има на повеќе локации во Македонија. 

Гром предизвикал поголем пожар во околината на Прилеп кај манастирот Свети Илија. Кај тетовско Копанце гори шума. Кај селото Заград, Македонски Брод локализираниот пожар повторно го разгорел силен ветер. Гори и кај село Градманци, во Општина Петровец. 

Од ЦУК апелираат до граѓаните да внимаваат додека работат на отворено и потсетуваат дека е на сила забраната за движење во шумите. Без посебна дозвола казната изнесува од 1.500 до 2.000 евра.

Двата израелски авиони кои како помош беа испратени за да помогнат во гаснењето на пожарите со персонал од 29 лица веќе се во фунција во земјава.

Кризна состојба во Македонски Брод и Чашка Владата прогласи во неделата и таа останува на сила до 8 септември.

Слично

Поврзани вести