ГОРИ НА ЧЕТИРИ ЛОКАЦИИ ВО ЗЕМАЈВА: високите температури ги зголемија пожарите на отворено
Во текот на изминатото деноноќие противпожарникарските екипи дејствувале на други 12 локации каде имало пожар на отворено.
Од Центарот за управување со кризи, информираат дека осум од пожарите се изгасени, додека четири се и понатаму активни.
- 12 пожари вкупно на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие. Од вчерашните активни се водат четири пожари во: Општина Градско, помеѓу селата Виничани и Свеќани (нискостеблеста шума и сува трева); Општина Кичево, с.Цер (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека); Општина Ново Село, месност „Хаџиица“, на граница со Бугарија (букова шума) и во Општина Дојран, помеѓу Стар и Нов Дојран (чад во депонија) - соопштуваат од ЦУК.
Воедно од таму посочија дека изгасени се осум пожари на отворено во последното деноноќие, конкретно во Општина Кичево, с.Другово (ѓубриште); Општина Свети Николе, во градот (ѓубре); Општина Штип, градски гробишта во Штип (сува трева); Општина Куманово, 3, кај м.в. „Бавче“, кај ООУ „Наим Фрашери“ и кај гробиштата во с.Клечовце (сува трева); Општина Старо Нагоричане, кај гробишта во с.Пелинце (сува трева) и во Општина Тетово, м.в. „Расадиште“ (сува трева).
Од ЦУК велат дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека во изминатото деноноќие имало вкупно 2.225 повици на Единствениот повикувачки број од коишто „реални“ повици биле 63,96 отсто, а 36,04 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 55,39 отсто, кон Итната медицинска помош 31,13, кон пожарникарите 10,54 проценти, од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Фото: ЦУК
