ГОРИ НА ЧЕТИРИ ЛОКАЦИИ ВО ЗЕМАЈВА - екипите се на терен, но гаснењето е отежнато поради времето
Неколку активни пожари низ земајва се гаснат од повеќе различни екипи, но се уште има опасност да се прошират, и не се ставени под контрола.
Дополнително во пожарите е повредена една вработена во „Национални шуми“, која била хоспитализирана, а помош им била пружена и на други вработени во „Национални шуми“.
Еден од пожарите е во околината на село Длабочица во општина Старо Нагоричане гори мешана шума бор и сува трева информира од Tериторијалната противпожарна единица од општината и од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
На терен се екипи од ТППЕ Старо Нагоричане, како и од кумановската подружница на „Национални Шуми“.
- Пожарот избувна после 13 часот. На терен бевме осум пожарникари и две противпожарни возила, на помош дојдоа колегите од ТППЕ од Ранковце со две противпожарни возила и четворица пожарникари и вработени од „Национални Шуми“. Дежураме и гасневме осум пожарникари и сè уште работиме.
Утринава пак продолживме, тука се и екипи од кумановската подружница на национални шуми - изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Како што објави заменик директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов, во текот на вчерашниот ден на територијата на цела Македонија имало 29 пожари на отворен простор, од кои 4 се сеуште активни, а 25 се целосно изгаснати.Вториот крак од овој пожар кај село Градешница, навлезен во општина Могила, утрово е повторно разгорен.
Овој пожар има повеќе краци и истиот движи и кон село Паљурци во општина Богданци.
Двајца колеги беа подложени на кислородна поддршка, а останатите двајца имаат други повреди.
Од Центарот за управување со кризи, исто така информираа дека вчера имало вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 4 се уште се активни, а 25 изгаснати, под контрола нема.
1. Општина Прилеп: с. Бешиште (приземен во квалитетна мешана шума); кракот кај с. Градешница, наутро повторно разгорен (опш. Новаци).
2. Општина Валандово: с. Грчиште и Опш. Богданци: с. Паљурци – с. Богданци (ниска вегетација и мешана ниска шума).
3. Општина Македонски Брод: с. Црешнево (деградирана дабова шума).
4. Општина Старо Нагоричане: с. Длабочица (мешана шума, бор и бука).
