Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИ КАЈ НОВО СЕЛО, ПОД КОНТРОЛА КАЈ ЈАСЕН: Денеска пријавени биле 10 пожари

ГОРИ КАЈ НОВО СЕЛО, ПОД КОНТРОЛА КАЈ ЈАСЕН: Денеска пријавени биле 10 пожари

На ден 23.08.2025 година, до 18:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, 1 е под контрола и изгаснати се 8 пожари, информира Дирекцијата за заштита и спасување.

АКТИВНИ: 1
1. Општина Ново Село: с. Колешино (депонија и сува трева).

ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума).

ИЗГАСНАТИ: 8
1. Општина Илинден: обиколница кај клучка Инџиково (ѓубре);
2. Општина Студеничани (сува трева);
3. Општина Кривогаштани: с. Подвис (сува трева);
4. Општина Босилово: с. Турново – с. Секирник (депонија и сува трева);
5. Општина Струга: с. Дрслајца (ѓубре);
6. Општина Кичево: с. Цер (ѓубре);
7. Општина Куманово: м.в. Пчињски Пат (сува трева, дрва и 4 мв на авто плац);
8. Општина Липково: с. Ваксинце (стрниште).

Слично

Поврзани вести