Гореше ресторан во Старата чаршија, зафатени и три станови
Среде бел ден во 13 часот и 40 минути во Скопје настанал пожар на оџак од ресторан, лоциран на улицата „Битпазарска“.
Полицијата денеска информира дека се запалил ресторанот на 47-годишниот Џ.В. од Скопје. Освен оџакот, со пожарот биле зафатени и кровни конструкции од три станови.
Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна единица пожарот е изгаснат, а за среќа нема повредени лица.
Увид на местото на пожарот ќе биде извршен во текот на денот.
Слично
