Гореше полициска станица во струшко Франгово
Ноќеска во 02.00 часот во полициската станица во селото Франгово во Струга се проширил пожар од подрумските простории на помошниот објект каде се сместени резервоарите со нафта за греење и печката за греење.
Пожарот е изгаснат од страна на полициски службеници и ТППЕ-Струга, а од екипа на ЕВН исклучена била електричната енергија. Причините за пожарот се утврдуваат, но најверојатно не станува збор за подметнување.
Слично
