Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРЕШЕ НА БИТ-ПАЗАР: Три автомобили запалени ноќеска во три часот наутро

ГОРЕШЕ НА БИТ-ПАЗАР: Три автомобили запалени ноќеска во три часот наутро

Три автомобили гореа ноќеска на Бит-Пазар. Полицијата врши увид за да се утврди на кој начин настанал пожарот во возилата. Автомобилите се изгорени, а биле ангажирани пожарникари за да го изгаснат огнот.

Возилата биле паркирани. Две од нив биле со скопски, а едно со гостиварски таблички.

Пожарот бил пријавен околу три часот утринава. 

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.

„На 08.05.2023 во 03.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема“ велат од МВР.


Слично

Поврзани вести