Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гореше кумановската општина од кујната на Баба Цана

Гореше кумановската општина од кујната на Баба Цана

Вчера попладне во Куманово избувна пожар кој најверојатно се проширил од познатиот етно ресторан „Баба Цана“. Оганот ги зафати и просториите на општина Куманово кои се наоѓаат во центарот на градот.

Според информациите на противпожарните служби горел центарот за финансии во општината што е подрачна единица на Министерството за финансии на Република Македонија.

За час и пол пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Куманово.

Денес ќе се врши увид на местото на пожарот по што ќе се утврдат точните причини за негово проширување, како и материјалната штета.

Слично

Поврзани вести