Гореа две возила во Скопје - огнот зафатил и стан
Изгоре „бмв“ во Карпош, a гореа и „голф“ и прозорец од стан.
Во СВР Скопје, вчера во 03.10 часот е пријавено дека на подрачје на Карпош настанал пожар во патничко моторно возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје. Зафатени се и возило „голф 4″ со штипски регистарски ознаки и дел од фасада и еден прозор од стан. Повредени нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Слично
