Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гореа автомобили во Радишани, МВР ќе открие зошто

Гореа автомобили во Радишани, МВР ќе открие зошто

МВР сеуште нема информации за причината за избувнување на пожар кој зафати четири возила паркирани на главната улица во населбата Радишани во Скопје, по што сите се прашуваат дали пожарот е подметнат од нетрпеливост или пак станува збор за друг фактор.

Вчера во Радишани изгореле четири паркирани возила, од кои две целосно се опожарени. Според информациите на МВР вчера во 02.50 часот во Скопје на улица Радишанска на паркинг настанал пожар во кој целосно биле опожарени автомобил „Фиат Пунто“, сопственост на Г. Љ. (1997) од Скопје и автомобил „Сузуки Свифт“ сопственост на А.П.(1964) од Скопје.

Во пожарот делумно изгореле и возило „Ауди“ сопственост на правно лице, а паркирано од страна на В.С.(1978) од Скопје и  возило „БМВ Х5“ со бугарски национални ознаки сопственост на правно лице „Спидекс интернационал“, а паркирано од страна на Ѓ. К. (1966) од Скопје, кои биле во непосредна близина на опожарените возила.

Пожарот е целосно изгаснат во 03.30 часот од страна на екипа од БППЗ-Скопје. Сеуште не е позната причината за опожарувањето, како и од кое возило почнал пожарот. Увид ќе се врши во текот на денот.


Слично

Поврзани вести