„ГОРДЕ ИМА ЕДНА ГОЛЕМА МАНА-НЕ РАЗЛИКУВА ПРАВО ОД СИЛА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ПОЛИТИКА“: „Облечена во свилено костумче, милно си дискутира, а под неа светот гори“: Малеска за Силјановска
Професорката Мирјана Малеска, го кажа своето мислење за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.
„Горде има една голема мана. Не разликува право од сила во меѓународната политика. Замислува дека е на конференциска маса, да речеме во Венецијанска комисија каде беше два мандати од владата на Груевски. Облечена во свилено костумче, седната на конференциска маса со Копенхашките критериуми пред себе, милно си дискутира со колегите правници како би требало да биде. А под неа светот гори!
Ајде Горде објасни им на Украинците и на Палестинците од Газа дека се во право, според Копшенхашките критериуми.......“, напиша таа на фејсбук.

Слично
