Гордана Јанкулоска: На 27 април бевме со Миле Јанакиески, но не разговаравме за протестите
Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, на денешното рочиште за организацијата на протестите на 27 април кои завршија со упад во Собранието и тепање на пратеници рече како повикан сведок дека дента биле заедно со Миле Јанакиески, екс-министерот за транспорт и врски, но дека ништо не било разговарано за таа тема.
-Одлука на Извршниот комитет за поддршка на протестите не беше донесена, рече Јанкуловска.
Таа сведочеше дека била во својата канцеларија во партиското седиште во која се наоѓала и канцеларијата на Јанакиески но пред судот тврдеше дека не се случувало ништо невообичаено, а околу 17:00 часот си заминала дома и на телевизија видела што се случува во Собранието.
Јанкуловска истакна дека одлуката на партиските тела во врска со протестите не и е позната.
„Миле и јас јадевме и пиевме неколку пати во текот на денот и разговаравме за теми што беа интересни за нас во тоа време, ништо невообичаено не се случи на средбата“, сведочеше Гордана Јанкуловска.
Јанкуловска повтори дека партијата никогаш официјално не се изјаснила и немала став во врска со протестите, но рече дека тие заедно во партијата често се собираат да ги гледаат вестите и да коментираат изјави на поединци.
„27 април остави белег на сите нас, го напуштив седиштето во 17 часот и отидов дома, подготвив ручек и гледав на ТВ што се случуваше, а потоа ТВ-станица емитуваше во живо од внатрешноста на Парламентот“, додаде Јанкуловска.
На прашањето дали имала комуникација со Спиро Ристовски на 27 април, Јанкуловска одговори негирајќи.
На денешното рочиште во судницата беа повикани 17 сведоци.
