Гордан Калајџиев за притворот на Камчев: Како е можно приведување без барање од Обвинителство?
Професорот по кривично право на правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев, по денешниот одреден 30-дневен притвор за бизнисменот Јордан Камчев изрази сомнеж во начинот на неговото приведување.
Експертот тврди дека спорното е во тоа што тајна служба се занимава со нешто што не смее да е во нејзин делокруг на работа, а при тоа од процесот на апсење да е елиминирано јавното обвинителство.
“(Се) прашувам по кој правен основ тајната полиција АНБ се бави со осомничени за криминал?! И кој наредил приведување на Камчев без да има барање на Јо?!”, напиша Калајџиев на социјалните мрежи.
Камчев денеска доби 30-дневен притвор по дојава дека се подготвувал за бегство како осомничен за случајот „Плацови на Водно“.
Слично
