Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРАТ СТРНИШТА КАЈ ИСТИБАЊА: „Пожарот лесно може да дојде до куќите, силниот ветер помага“

ГОРАТ СТРНИШТА КАЈ ИСТИБАЊА: „Пожарот лесно може да дојде до куќите, силниот ветер помага“

Загрижени граѓани вечерва загрижено реагираат поради тоа што голем пламен се издига кај Истибања, населено место веднаш после Кочани кон Виница.

-Втор пат за два дена ги палат стрништата, каде им е совеста на овие луѓе. Опасно е особено денеска кога дува многу силен ветер. Навистина може да настане многу голем проблем, пламенот да стигне до куќите. Кој знае колку пати им е укажано да не го прават ова, велат за Фактор сведоци на глетката, за која како што велат е застрашувачка.

Нашите соговорници испратија и фотографии на кои се гледа огромен пламен.



Слично

Поврзани вести