Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гордана Јанкулоска му одговори на „загрижениот“ Груевски

Гордана Јанкулоска му одговори на „загрижениот“ Груевски

Oткако на Фејсбук својот став за седницата за уставни измени го изнесе екс премиерот Никола Груевски кој веќе два месеци е во Будимпешта, се огласи и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која му одговори. 

„Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото“, напиша Јанкулоска.

Груевски избега во Унгарија бидејќи требаше да оди во затвор за случајот „Тенк“, а денеска се огласи на својот официјален Фејсбук профил и ги коментираше моментите пред гласањето за промената на Уставот.

Слично

Поврзани вести