Горан Трајковски, УЈП: нема нови долгови, повратот на ДДВ тече редовно!
Во интервју за емисијата Тренд на 24 Вести директорот на УЈП Горан Трајковски вели дека економските параметри покажуваат опоравување и дека даноците се собираат со забрзана динамика.
Според Трајковски кај данокот на добивка и персоналниот данок на доход е констатирана стабилност и перманентно натфрлање од 2-3 до три отсто на месечно ниво од проекциите.
Но, тоа не е случај со данокот на додадена вредност. Ако се гледа бруто приходот на ДДВ, тој е во многу подобра кондиција во однос на истиот период лани.
На прашање дали државата на време врши поврат на ДДВ, директорот на УЈП вели:
„Повратот тече редовно согласно законските рокови, што значи во рок од 30 дена на поднесување по принцип на доспеаност и доколку продолжи ваквата солидна наплата повторно ќе можеме да ги примениме мерките на златна картица“.Целосното интервју на Трајковски во кое зборува за воведувањето на „патриотски фискални сметки“ и за даночната амнестија ќе се емитува во недела во 18 часот во рамките на економската емисија „ТРЕНД“. http://www.dailymotion.com/video/xzyyi4_izjava-goran-trajkovski-del-od-trend_news?start=3#.UZdO37Xe6iw
Слично
