Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРАН СУГАРЕСКИ ЗА ПРИЛЕП, МАРЈАНЧО НИКОЛОВ ЗА ВЕЛЕС - протекоа имињата на дел од кандидатите на СДСМ за градоначалници

ГОРАН СУГАРЕСКИ ЗА ПРИЛЕП, МАРЈАНЧО НИКОЛОВ ЗА ВЕЛЕС - протекоа имињата на дел од кандидатите на СДСМ за градоначалници

Иако официјално уште не е објавено, во јавноста веќе протекоа имињата на некои од кандидатите за градоначалници на владејачката СДСМ. 

Во Велес, како што дознаваме, од редовите на СДСМ ќе се трка Марјанчо Николов, долгогодишен познат и прилично активен пратеник, пред се во делот на економијата, и поранешен член на Управниот одбор на АД ЕСМ. 

Според извори на Фактор, кандидатурата на Николов за Велес е веќе речиси завршена работа, само се чека официјално да биде потврдена.

Веќе е извесно, пак, дека за Прилеп кандидат ќе биде Горан Сугарески, екс диртектор на Царина, екс министер за транспорт и врски и долгогодишерн пратеник. Тој, особено како опозиционер беше познат по своите жестоки настапи во Собранието.

Горан Сугарески според извори на некои медиуми, ќе биде кандидат за градоначалник на Прилеп од СДСМ, на локалните избори кои ќе се одржат во октомври. Ова произлегло од синоќешниот состанок на извршниот одбор на СДСМ во Скопје.

Сугарески засега е недостапен да ја потврди или демантира оваа информација.

Се очекува социјалдемократите да ги потврдат овие информации на официјална пресконференција.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести