Економија, финансии, бизнис

Контакт

Горан Сугарески седна во директорската фотеља во Царина - ветува чесно работење

Горан Сугарески седна во директорската фотеља во Царина - ветува чесно работење

Поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески денеска и официјално ја презеде должноста прв цариник во земјава.

По денешната средба за примопредавање на функцијата од доегашниот директор на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, објави фотографија и најави дека чесно и транспарентно ќе им служи на интересите на граѓаните.

„Денес и официјално стапувам на нова должност. И во новиот професионален предизвик продолжувам чесно, посветено и транспарентно да служам на интересите на граѓаните и државата. Ќе сторам се да ја оправдам укажаната доверба. Упатувам благодарност на досегашниот директор за неговиот ангажман во Царинската Управа. Можеме уште повеќе и уште подобро! Нови професионални успеси за подобра иднина!“, напиша на фејсбук новиот директор на Царината, Горан Сугарески.

Слично

Поврзани вести